ФУДБАЛ

Револтот на играчите на Наполи, Де Лаурентис донесува одлука за Елсеид Хисаj!

Аурелио Де Лаурентис повторно е во центарот на вниманието пишува „Газета дело Спорт“, поради барањето за заминување на некои од неговите врвни играчи.

Инсиње, Алан, Каљехон, Мертенс и Кулибали беа имињата што први ги спомна првиот човек на Наполи, а на крајот на оваа листа го додаде и дефанзивец Елсеид Хисај. Според она што го пишува „Газета“, Елсеид Хисај заедно со Гулам се наоѓаат на списокот на играчи што Де Лаурентис сака да ги отстрани од Наполи во јануари.

Сега се очекува да се види што ќе се случи во јануари, но Хисај дефинитивно ќе го напушти „Сан Паоло“ во текот на летото.