РФМ ги исплати парите, еве колку добија ракометарите за настапот на Светското првенство!

Written by

in

 Ракометната федерација на Македонија денес ја исплати наградата во износ од три милиони денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство 2025.

Македонската репрезентација настапи во Вараждин, Хрватска и се пласираше од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето.

Во првиот сегмент од Мундијалот, Македонија ремизира со Унгарија, загуби од Холандија и ја победи Гвинеја. И во Главната групна фаза забележа победа (Катар), реми (Австрија) и пораз (Франција).

Ракометарите го задржаа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на деветти последователен ракометен Мундијал.