По контроверзноста и напнатоста во Фиорентина-Лацио, доаѓа извинувањето на Франк Рибери. Откако беше заменет во 74, минута од натпреварот, Французинот избувна. Денес, на социјалните мрежи, се извини.
„Се извинувам за моето однесување и за тоа како реагирав кон судијата. Се извинувам на тренерот, навивачите и соиграчите. Секогаш би сакал да играм. Но, очекувам поголема грижа за Фиорентина, истата грижа која е резервирана за другите клубови“.