ФУДБАЛ

Ричарлисон потпиша за Тотенхем, Џек Вилшер го исмева

Бразилскиот репрезентативец Ричарлисон го засили тимот на Тотенхем.

Се е договорено, а денеска пристигна и официјалната потврда за трансферот на Ричарлисон, кој од Евертон се пресели во Тотенхем за околу 60 милиони фунти, вклучувајќи бонуси.

Ричарлисон ќе ја засили конкуренцијата во нападот на Спарс покрај Хари Кејн и Сон Хеунг-мин. Бразилецот на крајот го избра Тотенхем на покана на Антонио Конте, иако го посакуваше и Арсенал. Секако пресуди и фактот што Спарс за разлика од градскиот ривал играат во Лигата на шампионите.

 

Поранешниот играч на Арсенал, Џек Вилшер го исмеа трансферот на Ричарлисон, велејќи дека поранешниот играч на Вотфорд ќе биде доволен само за клупата на Арсенал.

 

Има 25 години, не е стар, но мислам дека допрва треба да го открие својот потенцијал и Антонио Конте би можел да го направи тоа, но јас сум убеден дека таков играч би седнал на клупата на Арсенал“, изјави Вилшер.

 

Сепак, Арсенал се фокусираше на доведување централен напаѓач како замена за Александре Лаказет, кој се врати во Лион, а изборот на крајот падна на Габриел Жесус, кој ќе се пресели од Манчестер Сити за 45 милиони фунти.

 

Бразилскиот интернационалец Ричарлисон за Евертон постигна 53 гола на 152 натпревари, а наскоро ќе му се придружи и дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленглет.

 

Тотенхем претходно направи три засилувања ова лето, а ги донесе Ив Бисума, Иван Перишиќ и резервниот голман Фрејзер Форстер.