Првиот натпревар по повеќе од шест месеци пред навивачите ќе биде оној помеѓу Баерн и Севиља.
Тоа е натпревар од Суперкупот, а ќе се игра на 24 септември во Будимпешта, а ќе бидат исполнети 30% од капацитетот на стадионот.
Сепак, сите присутни навивачи ги чекаат ригорозни мерки, како и ригорозен кодекс на однесување на стадионот на овој натпревар.
Задолжително растојание од еден и пол метар, поточно секое трето место ќе биде достапно за седење. Чуварите ќе ја измерат температурата на секој влез, но тоа не е крајот.
Секој посетител ќе мора да направи негативен тест за коронавирус, не постар од 14 дена, така што целата постапка ќе биде малку комплицирана.