Ураганско полувреме на Рома во 23. коло од Серија А.
„Волчицата“ од Рим по првото полувреме води со 0:4 на непријатното гостување во Тоскана кај екипата на Емполи.
Избраниците на Жозе Мурињо за 13 минути постигнаа четири гола.
За 0:1, Абрахам погоди во 24. минута на асистенција на Оливеира, а на 0:2 зголеми Манчини со голот во 33. минута.
Се играше 35. минута кога Оливеира погоди по асистенцијата на Заниол и веќе беше 0:3.
Потопот на Емполи во првото полувреме го потврди голот на Заниоло во 37. минута на асистенција на Мхитарјан.
Можеме да кажеме и дека Жозе Мурињо го имаше едно од најубавите полувремиња во својата тренерска кариера.