Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски донесе победа за Ујпешт од 2-1 против Залаегерзег во рамки на унгарскиот шампионат.
Стоперот постигна погодок во 94-тата минута за да донесе три бода за домашниот тим.
https://www.facebook.com/392016870930528/videos/266187091467263/
Ова е втор гол за нашиот интернационалец по продолжувањето на сезоната во Унгарија, бидејќи погоди и против Дебрецин, а си постигна и автогол против МОЛ Фехервар.