ФУДБАЛ

Ристовски: Имаме уште еден натпревар на кој што ќе го дадеме максимумот како и вчера

Поради протоколите на УЕФА само дел од играчите се појавија пред илјадниците фанови, кои ги пречекаа на плоштадот во Скопје.

Ристовски даде ветување дека ќе го дадат максимумот против Португалија, како што одиграа со Италија.

„Благодариме навистина и имаме уште еден натпревар на кој што ќе го дадеме максимумот како и вчера“ изјави Ристовски.

Македонија гостува кај Португалија во вторник, репрезентацијата на Португалија е последната пречка за пласман на Мундијалот во Катар.