Според португалскиот весник „Рекорд“, во јануарскиот преоден рок македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ќе мора да побара нов клуб. Тој нема иднина во Спортинг Лисабон, а тоа го покажа и тренерот Рубен Аморим со одлуката да го испрати во Б тимот. Се спомнуваше дека Спартак Москва е заинтересиран, имаше шпекулации дека во летниот преоден рок Ристовски ќе замине таму, но сепак тоа не се реализираше. Но, „Рекорд“ тврди дека во јануари македонскиот репрезентативец спогодбено ќе го раскине договорот и ќе може како слободен играч да побара нова средина.