ФУДБАЛ

Ривал од теренот објасни зошто Нејмар добива ќотек: Провоцира…

Бразилската ѕвезда Нејмар често се нарекува актер.

Фудбалерот на ПСЖ е еден од играчите кој е фаулиран најмногу во последните години, но многумина сметаат дека тој претерува во неговите реакции.

Нејмар, сепак, честопати беше надвор од теренот поради повреди. Последниот го доби неодамна во дуел со Лион, и беше принуден да паузира неколку недели.

Поранешниот ривал од терен и член на Атлетико Мадрид, Хуанфран реши да открие зошто Нејмар е мета на дефанзивците.

“Многу е тешко да се игра против Нејмар. Тој има ваков начин на игра што едноставно ги провоцира дефанзивците кои играат против него”, рече Хуанфран.

Самиот шпански фудбалер често знаеше да го удри Нејмар додека беше во Барселона, а Бразилецот научи многу од сето тоа.