ФУДБАЛ

Ривалдо: Само еден играч може да го замени Меси во Барселона

Легендарниот играч на Барселона, Ривалдо, зборуваше за неговиот поранешен клуб, во интервју за англискиот „The Mirror“.

Бразилецот најмногу зборуваше за Лионел Меси и што би требало да стори каталонскиот клуб за да го замени, и истакна дека само Нејмар може да го наследи Аргентинецот во Барселона.

„Меси нема да трае вечно. Еден ден ќе пристигне неговиот последен натпревар и тој ќе го напушти фудбалот“, рече Ривалдо, продолжувајќи:

„Сега тој прави разлика, тој постигнува голови … но мора да имате друг играч кој ќе ја игра неговата улога“.

„Само еден играч може да биде замена за Меси во Барселона, а тој играч е Нејмар“.

„Тој ја напушти Барселона, погрешно, но ако се врати ќе може да направи разлика како што тоа го прави Меси сега“, заврши Бразилецот.