РАКОМЕТ

РК Пелистер се огласи по вчерашниот натпревар Македонија – Турција

По вчерашниот натпревар на Македонската ракометна репрезентација за старт на квалификациите денеска се огласија и од ракометниот клуб Пелистер.

Од таму велат дека направен е фалсификат на картите и средствата ќе им бидат вратени на навивачите.

„Почитувани
Искрени и чесни љубители на ракометот ,во Битола беше празник на ракометот по 13 години Македонска репрезентација во храмот на ракометот во Македонија !
И покрај многубројните известувања и соопштенија веројатно постојат и многу луѓе кои не научиле што е спотска култура и Меѓународен спортски натпревар , не научиле дека на спортски натпревар се влегува со карта, картата важи за едно лице , истата треба да е оргинална , а не фалсификат !
Уште еднаш јавно се извинуваме до сите искрени и чесни љубители на ракометот кои купија карта , а не беа во можност да влезат и присуствуваат на натпреварот Македонија : Турција , затоа што некои други несовесни гледачи го зедоа нивното место , за сите нив кои имаат уредно купена карта ги покануваме од утре 27.10.2018 од 09ч на истото место каде ги купиле картите да ги вратат и парите бидат рефондирани ….
Ве известуваме дека како организатори дел од средствата ќе ги донираме за Сара Настевска …
Спортски поздрав “…..

ПОВРЗАНО

Пелистер