ФУДБАЛ

Роберт и Ана Левандовски донираа еден милион евра за борба против коронавирусот

После Леон Горецка (25) и Џошуа Кимих (25), следната sвезда на Баерн која реши да се вклучи во борбата против коронавирусите е Роберт Левандовски (31).

Послкиот напаѓач и неговата сопруга Ана (31) донираа 1 милион евра за да помогнат во борбата против пандемијата на коронавирусот што го разори светот, особено Европа во последните неколку дена.

„Сите ние сме свесни за тешката состојба околу нас. Да бидеме силни во оваа борба. Кој може да помогне, треба да помогне. Оваа ситуација влијае врз сите нас, затоа ве молиме следете ги упатствата и слушајте ги оние што знаат најдобро. Тоа покажува одговорност“, рече семејството Левандовски.

„Веруваме дека наскоро ќе се вратиме во нашите нормални животи. Ние сме во оваа ситуација заедно и заедно го минуваме ова “, двајцата споделуваат заедничка порака.

Пред нив, по иницијативата „WeKickCoron“ по милион евра беа донирани од Горецка и Кимих и се верува дека во овој проект ќе бидат вклучени и други играчи ширум Германија.