Полскиот репрезентативец моментално се опоравува од повредата, а на терените треба да се врати за две недели.
Фудбалерот на Барселона Роберт Левандовски би можел да ја заврши играчката кариера во американската МЛС лига, изјави поранешната портпаролка на полската репрезентација Моника Бондарович, а пренесуваат медиумите во Варшава.
„Верувам дека Левандовски по Барселона ќе ги избере САД. Затоа организирав и правев интервјуа со него во американските медиуми. Силата на името се гради однапред, пред да ја продолжите кариерата во таа земја, а не кога веќе сте таму“, изјави Бондаровиќ за Sport.pl.
Левандовски (34) минатата година пристигна во Барселона од Баерн, а со каталонскиот клуб има договор до јуни 2026 година.
