Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино има неколку понуди од Саудиска Арабија да ја продолжи кариерата во саудиската лига по ова лето.
Сепак, Бразилецот е повеќе склон да остане на „Енфилд“, што е најреална опција, пренесува сигурен Флоријан Платенберг.
Богатите клубови од Саудиска Арабија би сакале да го видат Фирмино во своите редови. Ал Наср е тим кој очигледно го посакува, но преговорите меѓу „деветката“ на Ливерпул и англискиот клуб одат во добра насока.
Тој би сакал уште некое време да се натпреварува на највисоко можно ниво и се очекува да потпише договор до 2025 година, а потоа ќе ги разгледа и другите опции кои вклучуваат МЛС, Саудиска Арабија…
Фирмино моментално е надвор од терените поради повреда и со години е една од најдобрите, ако не и најдобрите, лажни деветки во светот. Тој освои сè што може да се освои со Ливерпул откако пристигна во 2015 година.
