ФУДБАЛ

Робертсон: Мане стана уште подобар, ќе ја освои Златната копачка

Дефанзивецот на Ливерпул, Робертсон верува дека напаѓачот Садио Мане е подобрен.

Сенегалскиот напаѓач постигна гол во 95. минута за да обезбеди три бода во дуелот против Астон Вила.

Робертсон рече дека Мане отсекогаш работи напорно, но годинава ќе биде негова.

„Работевме на тренинзи и прекрасните моменти се случуваат во 94-та или 95-та минута. Садио е одличен уште од преселбата на „Енфилд“, но 2019 година е негова година. Тој ќе ја освои Златната копачка.“

Ливерпул останува без пораз во Премиерлигата, следниот натпревар игра против ривалот Манчестер Сити, кој е втор на табелата.