ФУДБАЛ

Робертсон рекордер во Премиер лигата

Енди Робертсон, дефанзивецот на Ливерпул, од вчера е рекордер во Премиер лигата. Тој стана дефанзивецот со најмногу асистенции во историјата на елитното ниво на англискиот фудбал.

Репрезентативецот на Шкотска во петтата минута му асистираше на Мохамед Салах за водство на својот тим во натпреварот против Астон Вила, кој на крајот заврши 3:1 за Ливерпул. Тоа беше негова 54-та асистенција во кариерата во Премиер лигата и сега има една повеќе од Лејтон Бејнс.

Робертсон стигна до 54 асистенции во 231-от натпревар, што е дури 189 натпревари помалку отколку што на Бејнс му беа потребни за 53 асистенции. Во последните четири сезони трипати имаше најмалку 10 асистенции, а оваа сезона на 13 натпревари запиша пет додавања за гол.

Дечко од Глазгов, во Англија е од 2014 година. Прво играше за Хал три години, а потоа дојде во Ливерпул за девет милиони евра.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига