Манчестер Сити ја освои титулата европски првак победувајќи го Интер во финалето. А единствениот гол го постигна Родри.
– Ова е емотивно. Сонот се оствари. Сите го чекавме ова толку многу години. Го заслуживме тоа, особено во последните години кога бевме навистина блиски. Ова е посебен момент кој никогаш повеќе нема да се повтори. Се надеваме дека ќе славиме повторно следната година, но ова е уникатно – рече Родри .
Неговиот гол го реши финалето.
– Не одиграв добро во првото полувреме. Имаше емоции, имаше нервоза. Но, ова е остварување на сонот. Ова е за сите што го направија клубот голем.
