Левиот бек нема простор за игра кај Росонерите и би можел да замине во јануари
Борусија Дортмунд го сврте погледот кон левиот бек на Милан, Рикардо Родригез.
Веста ја објави „ЕСПН“.
Германскиот гигант се надева дека ќе го врати швајцарскиот претставник во Бундеслигата за време на јануарскиот преоден рок.
Родригез нема простор за „росонерите“ оваа сезона бидејќи неговата позиција ја исполнува засилувачот Тео Ернандез.
Родригез претходно играше 5 години во Германија со екипата на Волфсбург.