ФУДБАЛ

Родригез заминува во клуб кој е 12-ти на тебелата?

Колумбиецот Хамес Родригез најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид во јануари.

Кралевите не успеаја да го продадат овој 28-годишен фудбалер ова лето, но со оглед дека не избори минутажа, се чини дека ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанските медиуми, кои веќе шпекулираат за иднината на Родригез, убедени се во тоа и ја гледаат Англија како следна станица во неговата кариера.

Интерес за услугите на Родригез искажа Волверхемптон, кој е познат како клуб чиј играчки кадар во голема мерка е го формира агентот Педро Мендес, кој е одговорен, меѓу другото, и за кариерата на Колумбиецот.

Играч како Родригез сигурно би му бил голема помош на Волверхемптон, особено сега кога тој е на 12-та позиција во Премиер лигата, при што претседателот на Реал, Перез, наводно, му давал зелено светло за трансфер.

Името на Родригез е поврзано и со Тотенхем во последните месеци.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига