ФУДБАЛ

Рој Кин силно удри по Немања Матиќ

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин го нападна српскиот репрезентативец Немања Матиќ поради неговата изјава синоќа.

Јунајтед вчера одигра 1:1 со Челзи на Олд Трафорд, а Матиќ беше асистент на голот на Кристијано Роналдо.

Искусниот играч за врска по крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер, а на прашањето за крајот на кариерата рече дека Манчестер Јунајтед засекогаш ќе остане во неговото срце, но и Челзи чии бои некогаш ги бранеше.

„Какви се стандардите во клубот? Не може секој да биде во твоето срце“, коментира Кин, кој е познат по своите остри ставови и критики упатени кон играчите на Јунајтед.

По ремито со Челзи, и претходниот пораз од Арсенал на „Емирати“, сега е јасно дека Јунајтед остана без Лигата на шампионите, па единствено прашање е дали ќе игра во Лига Европа или во Конференциска лига.

Матиќ е во Манчестер од 2017 година, а претходно во два наврати играше за Челзи, од 2014 до 2017 и од 2009 до 2011 година.

ПОВРЗАНО

Лига Европа