Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс потпиша нов договор со челниците на клубот во кој се обврза на верност до јуни 2024 година.
Ројс (33) е во клубот 11 години, постигнувајќи 161 гол на 382 натпревари во сите натпреварувања. Германецот роден во Дортмунд освои два германски купа со својот сакан клуб и играше во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2012/13.
Dortmund legend Marco Reus signs a one-year contract extension with the club 🖤💛 pic.twitter.com/jEFXdo6NSZ
— B/R Football (@brfootball) April 27, 2023
Искусниот крилен напаѓач е вториот најдобар стрелец во клупската историја, а пред него е само легендарниот Алфред Прислер, кој веднаш по Втората светска војна во 12 сезони постигна 177 гола. По продолжувањето на соработката, Ројс ќе има можност да стане најдобар стрелец на клубот на сите времиња.
