Долгогодишниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Марко Ројс изјави дека нема да игра за ниту еден друг клуб во Бундеслигата.
Ројс играше за Вестфален од 2012 година и досега има одиграно скоро 300 натпревари за милионерите, што го прави клупска легенда, а во интервју за „Билд“ ги коментираше понудите што ги доби досега.
Меѓу клубовите кои во минатото сакаа да го ангажираат е и Баерн, но тој на крајот им се заблагодари на Баварците и покажа лојалност кон Борусија.
„Јас имам голема почит кон Баерн и сето она што овој клуб го постигна со децении, но секогаш сакав да играм исклучиво за Борусија. Тоа е клуб во кој заминав од срце. Кога ги бранев боите на М’Гладбах, ми беше јасно дека ќе ода исклучиво во Дортмунд или ќе одам во друга земја. Му реков на мојот агент и презедовме понатамошни чекори“, рече Ројс.
Денес за Борусија е она што Томас Милер е за Баерн.
„Верувам дека е важно и за навивачите да имаат ликови како Томас и мене. Тие забележуваат дека ние се идентификуваме со нивниот клуб како што тие го прават тоа“, додаде 30-годишниот фудбалер.
Ројс има постигнато 11 голови на 19 натпревари во лигата оваа сезона, а има запишано и шест асистенции.