ФУДБАЛ

Рома блиску до доведување на легендата на Јувентус?!

Минатата недела тренерот на Рома Жозе Мурињо побара од челниците на клубот да му донесат стопер, а полека станува јасно кого Португалецот сака да види во Рим.

Приоритет на Рома е да го доведе Леонардо Бонучи (36) кој има договор со Унион Берлин.

Бонучи летово со остри зборови си замина од Јувентус, а потоа на општо изненадување потпиша едногодишен договор со бундеслигашот кој оваа сезона беше учесник во Лигата на шампионите.

Унион и Бонучи не се добра комбинација, славниот Италијанец не е среќен во Германија и прави се што е во негова моќ да го раскине договорот и да се врати во Серија А.

Доколку стане слободен, Рома е прва, а во моментов и единствена опција за искусниот дефанзивец.

Бонучи е вистинска легенда на Јувентус, за кого настапуваше во првиот мандат од 2010 до 2017 година, а во вториот од 2018 до 2023 година.

Играше и за Интер, Тревизо, Џенова, Бари и Милан.

За италијанската репрезентација одигра 121 натпревар и постигна осум гола. Пред две и пол години тој беше еден од најзаслужните што Италија го освои Европското првенство.

Тој во моментов не е во првите редови на вниманието на тренерот Лујан Спалети, но има голема желба следното лето со Италија да ја одбрани титулата европски првак во Германија.

Можеби Мурињо и Рома ќе му помогнат да се врати во репрезентацијата?

ПОВРЗАНО

Серија АБундеслига