Един Џеко, според сите извештаи, ќе ја напушти Рома на крајот од сезоната, а римскиот клуб веќе бара нов напаѓач.
Пред неколку дена, италијанските медиуми објавија информации дека Рома сакаат да го донесат Гонзало Игуаин, кој моментално игра на позајмица во Челзи. Игуаин ќе се врати во „Старата дама“ на крајот од сезоната, бидејќи Челзи нема шанса да го купи поради забраната на ФИФА.
Рома покажаа голем интерес да се обидат да го донесат Игуаин, но тие не се подготвени да одвојат поголема сума пари. „Кориере ди Торино“ денес објави дека Рома на Јувентус им испрати многу интересна понуда.
Наводно, Римскиот клуб се обидел да го вклучи Един Џеко во трансферот, односно Јувентус и Рома само да ги заменат напаѓачите. Сепак, „Старата дама“ ја одби оваа понуда, но тие кажаа како Рома би можела да стигне до Игуаин.
Тие се подготвени да вклучат играч во трансферот, но не се заинтересирани за Един Џеко. Од Јувентус рекоа дека тоа може да биде Костас Манолас или Николо Заниоло.
Сепак, Ромите не сакаат да останат без овие двајца и јасно е дека ако сакаат да го донесат аргентинскиот напаѓач тогаш тоа ќе биде само со плаќање клаузулата за неговиот откуп.