Летниот трансфер период може да ни донесе многу возбуда.
Веќе неколку недели, се шпекулира дека Џеко ќе ја напушти Рома ова лето и ќе ја продолжи кариерата во Интер.
Италијанските медиуми објавија дека Џеко се согласиле со Интер, но дека Рома и Интер сеуште чека да најдат заеднички јазик. Иако се чинеше дека Рома ќе се согласат со 12 милиони евра отштета, сега измислија нов план.
Желбата на Рома е да се донесе Мауро Икарди, кој беше отпишан во Интер. На Икарди јасно му кажано дека нема да сметат на него по сите скандали што овој аргентински напаѓач ги направи во изминатите неколку месеци.
Римскиот клуб сакаше да го вклучи Икарди во трансферот на Џеко, и да доплатат одредена сума пари, но сега тие имаат сосема поинаков план.
Новинарот Џанлука Ди Марзио минатата ноќ објави дека Антонио Конте одлучил дека Икарди нема да игра во неговиот тим и дека Интер веднаш може да го продаде. Во Рома со нетрпение ја чекаа оваа вест и веднаѓ подготвија понуда.
Како што пренесува „Фудбал Италија“ Рома ќе понуди три играчи во замена за Икарди, а ќе го вклучи и Џеко. Покрај капитенот на Рома, подготвени се да им ги дадат Александар Коларов и Стефан Ел Шарави.
Доколку Интер се согласи со понуда која е прилично примамлива, тогаш Рома нема да мора да платат дополнително обештетување за Икарди.