После тримесечна пауза, фудбалерите на Рома вечерва конечно се враќаат на теренот.
Рома вечерва ќе се сретне со Сампдорија на „Олимпико“ во натпревар од 27. коло од Серија А, а по три месеци конечно ќе го одиграат првиот натпреварот.
Јасно е дека ќе биде голем минус за римскиот клуб дека нема да има поддршка од навивачите затоа што мечот се игра пред празни трибини.
Натпреварот на „Олимпико“ започнува во 21:45 часот, а тренерите на двата тима ги објавија стартните состави.
Рома: Миранте, Бруно Перез, Ибанез, Смолинг, Коларов, Верету, Дијавара, Перез, Пасторе, Мхитарјан, Џеко.
Сампдорија: Аудеро, Ауџело, Екдал, Линети, Депаоли, Јанкто, Торзби, Тонели, Габијадини, Берешински, Јошида.