Дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини откри дека е позитивен на коронавирус.
Рома ќе игра дерби во понеделник против Милан на Сан Сиро, но Манчини ќе мора да го пропушти тоа и следните неколку натпревари затоа што сега оди во самоизолација.
„Здраво на сите, тестирав позитивно на Ковид и како резултат бев ставен во карантин“, напиша Манчини на Инстаграм пред неколку минути.
Тој рече дека се чувствува добро и дека веќе со нетрпение очекува да се врати на теренот.
Поранешниот играч на Аталанта не беше со остатокот од тимот во Швајцарија каде Рома синоќа одигра натпревар од Лигата на Европа против Јанг Бојс.
Освен Манчини, дуелот помеѓу Милан и Рома ќе го пропушти и стоперот Крис Смолинг поради повреда.