ФУДБАЛ

Рома постави нереална цена за Абрахам

Англискиот напаѓач Тами Абрахам игра сезона во кариерата.

Оваа сезона Абрахам во дресот на Рома постигна 23 гола на 40 натпревари во сите натпреварувања, што веднаш предизвика реакции кај водечките европски клубови кои сакаат да го доведат Абрахам во своите редови.

Прв кој се појави и покажа интерес за Абрахам беше Манчестер Јунајтед, но Рома веднаш прекина на стартот.

Наводно, кој го сака Абрахам ќе треба да плати точно 100 милиони евра, што би било повисока цена од Ерлинг Халанд.

Моменталната вредност на Абрахам е 45 милиони евра, а тој има договор со Рома до 2026 година.

За репрезентацијата на Англија споменатиот напаѓач одигра десет натпревари и постигна три гола.