ФУДБАЛ

Рома сака да го продолжи договорот со Пелегрини

Клубот од Рим планира да го задржи играчот од средниот ред Лоренцо Пелегрини, а тоа го објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука Ди Марцио.

Лидерите на „Волчицата“ ќе преговара за нов договор со 24-годишниот играч кој не е против продолжување на соработката со клубот.

Досегашниот договор на Пелегрини кој важи до крајот на јуни 2022 година, предвидува клаузула за обесштетување во износ од 30 милиони евра при предвремен раскин. За фудбалерот се заинтересирани за Евертон и ПСЖ.

Во сезоната 2019/20, Пелегрини одигра 29 натпревари за Рома, постигна три гола и направи 12 асистенции.