ФУДБАЛ

Роман Абрамович отруен со хемиско оружје за време на преговорите

Роман Абрамович е жртва на труење со хемиско оружје откако беше дел од преговарачкиот тим за решавање на воената состојба меѓу Украина и Русија.

На официјалниот профил напишаа истражувачки новинари од порталот Bellingcat.

„Можеме да потврдиме дека тројцата членови на делегацијата кои присуствуваа на мировните преговори меѓу Украина и Русија ноќта меѓу 3 и 4 март, се соочуваат со симптоми на труење со хемиско оружје. Една од жртвите е Роман Абрамович.

Абрамович беше дел од тимот кој преговараше за мир меѓу двете земји. Тој неколку пати патувал меѓу Киев и Москва, а на крајот со уште двајца се пожалил на здравствени проблеми.

Кај нив се развиле симптоми на труење со хемиско оружје. Тоа се црвенило на очите, постојано и болно кинење на очите и лупење на кожата од лицето и рацете.

Здравствената состојба на Абрамович и неговите колеги моментално е добра и се надвор од животна опасност.

Да потсетиме, Роман Абрамович неодамна одлучи да го продаде Челзи поради санкциите од британската влада поради неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин.