ФУДБАЛ

Роман Абрамович тргна по Меси

Сопственикот на актуелниот европски клупски шампион Челзи, Роман Абрамович, ќе направи се што е во негова моќ да го доведе Лионел Меси во својот клуб.

Откако вчера Барселона официјално објави дека Меси нема да потпише нов договор, се појавија шпекулации за името на новиот клуб на аргентинскиот фудбалер.

Манчестер Сити и ПСЖ се споменуваат во странските медиуми како најреални опции во врска со иднината на Меси, но изгледа дека сите тие заборавиле на Роман Абрамович.

Човекот кој го претвори Челзи во фудбалски гигант, сигурно ќе направи се што може за да го донесе најдобриот играч на сите времиња на Стемфорд Бриџ.

Наводно, богатиот сопственик на лондонските сини, штом слушнал дека Меси е слободен, побарал средба со феноменалниот аргентински фудбалер преку посредник.

Според шпанските медиуми, Абрамович сака да ги слушне барањата на аргентинскиот фудбалер од прва рака, а доколку има состаноци, постои голема можност да биде постигнат договор. Абрамович сигурно нема да штеди.