Голманот на Борусија Дортмнд, Роман Бурки го продолжи договорот со клубот на уште три години, поточно до јуни 2023 година.
„Се чувствувам многу удобно во Борусија и ја чувстувам довербата што челниците ја имаат во мене, како и тренерот и соиграчите“, рече Бурки, кој сезонава дури 12 пати ја зачува својата мрежа недопрена.
Роман Бурки дојде во Борусија Дортмунд во 2015 година од Фрајбург. Тој досега одигра 206 натпревари за „црно-жолтите“ и успеа да ја сочува мрежата 75 пати.