ФУДБАЛ

Романо ги реши сите дилеми околу позајмицата на Меси

Лионел Меси нема да го напушти Интер Мајами.

Откако Интер не успеа да се пласира во плејофот, повторно се појавија гласини дека Меси би можел да замине на позајмица во вториот дел од сезоната, но Фабрицио Романо ги демантираше таквите гласини.

“Во моментов немам никакви информации за Лео Меси и каква било позајмица. Меси е фокусиран на Интер Мајами и нема други теми. Нормално е дека имаше гласини поради неговата големина и секако некои работи може да се променат, но во моментов нема навестување за вистината за позајмицата на Барселона или на кој било друг клуб“, изјави Романо.

Да потсетиме, Меси сега ќе биде без официјални натпревари до март, кога стартува новата сезона во МЛС, поради што се појави веста дека би можел да замине на позајмица, за да ја одржи формата за Копа Америка до јуни.