Сагата заврши, Ромелу Лукаку вечерва и официјално е играч на Челзи.
Лондонскиот клуб потврди дека Лукаку е новo – стар играч на овој тим.
Играчот потпиша договор до летото 2026 година, а на Интер му беа платени рекордни 115 милиони евра.
Лукаку еднаш одигра само 15 натпревари за Челзи пред да биде продаден на Евертон во 2014 година.
По одличната сезона во Интер, тој се враќа бидејќи Томас Тухел верува дека би можел да атакува на титулата со него во нападот, но и да ја одбрани европската титула.
„Среќен сум и благословен што се вратив во овој прекрасен клуб“, рече Лукаку.
“Ми беше долг пат. Дојдов овде како дете кое имаше многу да научи, сега се враќам со многу искуство и позрелост. Односот што го имам со овој клуб ми значи многу, Како што знаете. Го поддржував Челзи како дете, и сега се враќам и тоа е неверојатно чувство “, додаде тој.
A work of art. 🎨🔵#LukWhosBack pic.twitter.com/RmPTjMiF3M
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 12, 2021