Тој неодамна даде интервју за Ромелу Лукаку во кое непрофесионално зборува за неговиот клуб Челзи, а ја истакна љубовта кон поранешниот клуб Интер.
Поради тие изјави, белгискиот репрезентативец мораше да се „олади“, бидејќи тренерот Томас Тухел го отстрани од дерби тимот против Ливерпул. Се чинеше дека Лукаку може да си замине од Челзи, но тој беше вратен во тимот, ситуацијата се подобри, а тој сега се „преправа дека ништо не се случило“.
„Им се извинувам на навивачите за вознемиреноста што ја предизвикав. Сите знаете за мојата поврзаност со клубот што го негувам уште од моите тинејџерски денови. Целосно разбирам што ве вознемири. На мене е да се откупам и да ја вратам вашата доверба. Ќе дадам се од себе за да покажам посветеност на тренинзите, како и да се осигураме дека победуваме во натпреварите. Исто така се извинувам на тренерот, соиграчите и раководството бидејќи мислам дека не избрав добар момент. Сакам да го оставам ова зад себе и да работам за тимот на најдобар начин“, рече Лукаку.
A message from Romelu.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 4, 2022
28-годишниот напаѓач веќе играше за Челзи од 2011 до 2014 година, по што беше во Евертон, Манчестер Јунајтед и Интер, но се врати минатата година.
Да потсетиме, пред неколку дена тој изјави за Sky Sports:
„Сега е вистинско време да ги изразам моите чувства. Отсекогаш сум велел дека Интер е во моето срце. Знам дека ќе се вратам таму, навистина се надевам. Работите не требаше да излезат вака. Зборувам за начинот на кој Го напуштив клубот и како се заљубив во Италија. Заљубен сум во Италија, ова е вистинско време да ја кажам вистината. Сакам да им се извинам на навивачите на Интер бидејќи тоа што го направија за мене секогаш ќе ми остани во срцето, навистина се надевам да се вратам, но додека сè уште сум на врвот“.
Тој оваа сезона за Челзи постигна седум гола на 18 натпревари.