Се чини дека во Рома брзо најдоа замена за Даниеле де Роси.
Искусниот играч од средниот ред на крајот од оваа сезона одлучи да се прости од дресот на Рома, и се чини дека „Волчицата“ може да остане и без другиот играч од средниот ред, Стивен Н’Зонзи, кого има намера да го продаде.
„Tuttomercatoweb“ објави дека Роми во својот среден ред сака да го доведе Роландо Мандрагора, млад италијански репрезентативец кој има многу успешна сезона во Удинезе.
Тоа е дефанзивен играч од средниот ред кој дојде во Удинезе минатото лето од Јувентус за 20 милиони евра, и по многу добра сезона тој повторно треба да го промени клубот.
Инаку, дебитираше во Серија А на 17 години во дресот на Џенова, а летото 2016 година замина во Јувентус за девет милиони евра.
Се чини дека евентуалниот трансфер во Рома ќе даде нова можност да се појави на големата сцена.
Инаку, тој играше на 36 натпревари во последната сезона, постигна три гола и две асистенции.