Во првото „Ел Класико“ оваа сезона, Барселона денес беше домаќин на Реал Мадрид, а гостите славеа со 3:1.
Роналд Куман не ја започна најдобро сезоната на клупата на Барселона, за што сведочи и денешниот пораз на „Камп Ноу“, но што имаше да каже Холанѓанецот?
Тој ги коментираше „спорните“ детали од 63. минута кога Реал, со интервенција на ВАР, доби пенал од кој Серхио Рамос му донесе водство на Мадрид, а Модриќ ја потврди победата во финишот со гол.
“Не ја разбирам одлуката на судијата, ВАР се појавува само кога треба да се донесе одлука против Барселона. Одлуките се секогаш против нас. Досуди пенал, тоа е незамисливо. Не ми се попадна тоа”, изјави Куман за Барса ТВ.
Барселона не е премногу задоволна од изборот на Куман за нов тренер, а по овој натпревар јавноста и навивачите во Каталонија ќе бидат уште поубедени во сопственото мислење.