Холандскиот стручњак Роналд Куман (58) ќе го предводи тимот на Барселона од клупата и следната сезона.
Новиот менаџмент на каталонскиот клуб, предводен од претседателот Жоан Лапорт, разговараше со 58-годишниот холандски стручњак и тие изразија големо задоволство од начинот на неговото работење.
Раководството на клубот е убедено дека Куман ќе продолжи да го води тимот добро и во следната сезона и му дадоа целосна поддршка за следната сезона.
Така, Куман ќе го предводи каталонскиот гигант барем уште една година, на чија клупа се наоѓа од август минатата година кога го замени Кике Сетиен.
Холанѓанецот ја предводеше Барселона на вкупно 43 натпревари и има учинок од 28 победи, седум нерешени средби и осум порази.