ФУДБАЛ

Роналдињо го прашаа дали Мбапе личи на „вистинскиот“ Роналдо, добија брутално искрен одговор

Килијан Мбапе веќе е меѓу најдобрите играчи во светот и сигурно има светла иднина.

23-годишниот фудбалер е на крстопат во својата кариера бидејќи се уште не одлучил дали ќе остане во ПСЖ или ќе потпише за друг клуб, пред се Реал Мадрид.

Французинот е експлозивен на земја. Тој е претежно незапирлив за противниците, додека често ја тресе противничката мрежа, а веќе е на бројката од 213 гола.

Некои го споредуваат Мбапе со легендарниот Роналдо да Лима, но Роналдињо Гаучо има сосема поинакво мислење.

Запрашан дали Мбапе личи на „вистинскиот“ Роналдо, Роналдињо одговори дека тоа не е така.

“Има многу играчи со слични карактеристики. Мбапе, Нејмар, Меси… Тоа се играчи кои сакам да ги гледам. Дали Французинот ме потсетува на Назариo? Вистината е дека Мбапе не ме потсетува на него”, изјави Роналдињо.

Роналдо да Лима долги години беше најдобриот напаѓач на светот и којзнае до каде би му била границата, ако немаше многу проблеми со повредите.