ФУДБАЛ

Роналдињо го претстави новиот дрес на Барселона, фановите воодушевени од одличниот дизајн (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Барселона денеска ги претстави дресовите кои  ќе ги носат во претстојната сезона, а во одлично промотивно видео се појави и легендарниот Роналдињо. Роналдињо го претстави новиот дрес на Барселона произведен од американскиот бренд Најк, а неодоливо потсетува на дресот на Барса од сезоната 2006/07. Најголемата разлика е во тоа што клупскиот грб е во средината, наместо на левата страна од дресот како и обично.

Исто така, дресот не е на риги како што сме навикнати да гледаме од Барселона, туку левата страна е сина, а десната црвена. Ракавите се во исти бои.