Барселона имаше навистина спектакуларен офанзивен дел од тимот од 2004 до 2008 година.
Првиот состав на клубот од Камп Ноу беше резервиран за Роналдињо и Самуел Ето, а ова дуо имаше навистина феноменална соработка на теренот.
Години подоцна Роналдињо кажа интересна анегдота за камерунскиот напаѓач. Ето имаше голем страв од вода, а Роналдињо еднаш му го спаси животот.
“Африканските играчи се многу талентирани, но не сакаат вода и пливање. Тие едноставно не знаат”, рече Роналдињо и продолжи:
View this post on Instagram
“Самуел Ето за малку ќе се удавеше. Пред да скокнам за да го спасам, му реков да ме нарече човекот што му го спаси животот”, истакна Роналдињо, а потоа заклучи.
„Трчаат, имаат вештина, моќни се, но кога ќе влезат во длабока вода, тогаш се плашат“.
View this post on Instagram
Самуел Ето го носеше дресот Барселона од 2004 до 2009 година и постигна 130 голови во 199 натпревари за каталонскиот гигант.
Од друга страна, Роналдињо играше во тимот од 2003 до 2008 година и тоа е најдобриот период во неговата кариера. Тој постигна 94 голови на 207 настапи.