ФУДБАЛ

Роналдињо има само шест евра на неговата сметка, а сега му е одземен целиот луксуз во Бразил

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдињо, остана без имот.

Бразилската легенда беше во неволја откако го прекршил законот за изградба во заштитена зона, па така државата одлучи да реагира.

Судот го казни Роналдињо и неговиот брат со парична казна, но бидејки Роналдињо не платил, следеше одземање на имотот, бидејќи на сметката има само шест евра.

https://twitter.com/tuitdepor/status/1065651031244226560

Така, бразилскиот фудбалер изгубил луксузни автомобили и сите работи што тој ги поседува во Бразил, а судот сега ги испитува и неговите сметки и сакаат да докажат дека познатиот фудбалер не е под стечај, туку крие пари тајни сметки.

Роналдињо, без оглед на фактот дека пред долго време ја завршил кариерата, и понатаму е одлична ѕвезда низ светот и заработува од реклами.