ФУДБАЛ

Роналдињо се врати во „PES“, но во затворска униформа

Новиот апдејт на популарната игра „Pro Evolution Soccer“ излезе во петокот, и се шири многу брзо преку Твитер.

Поточно, се создаде верзија каде екипите играат пред празни трибини, алудирајќи на Коронавирус.

Во оваа верзија на оваа популарна игра, Роналдињо се врати, но во затворска униформа.

Така, Бразилецот повторно стана фудбалска sвезда, иако во играта и покрај затворската униформа, но сигурно е дека фановите на оваа игра ќе бидат многу среќни што ќе играат со него.

Покрај присуството на Роналдињо, беа создадени и стадионите на неколку клубови, а тие сега во Pro Evolution Soccer играат без публика.