ФУДБАЛ

Роналдо до крај го чекаше Реал…

Фото: KIEV, UKRAINE - MAY 26: Cristiano Ronaldo of Real Madrid reacts following the UEFA Champions League Final between Real Madrid and Liverpool at NSC Olimpiyskiy Stadium on May 26, 2018 in Kiev, Ukraine. (Photo by Mike Hewitt/Getty Images)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо сакаше да се врати во Реал Мадрид, но раководството на шпанскиот клуб не беше заинтересирано, па потпиша за Ал Наср.

Роналдо во петокот вечерта потпишал договор со саудискиот клуб, но откако дознал дека Реал Мадрид не е заинтересиран, пренесува „Марка“.

Роналдо играше на Светското првенство во Катар, а по елиминацијата неколку дена тренираше во Мадрид. Тој сакаше да се врати во клубот за кој успешно настапуваше од 2009 до 2018 година.

Наводно ќе се согласел на помала плата и помала улога во тимот, но сепак морал да бара нова работа, изјави Марка.

Со Реал освои 16 трофеи и постигна 451 гол во сите натпреварувања.