ФУДБАЛ

Роналдо доби специјален дрес од претседателот на Јувентус, а натписот на него кажува сè (ВИДЕО)

Јувентус во моментов игра на домашен терен против Беневенто во мечот од 28. коло во Серија А.

Пред почетокот на овој натпревар се одржа мала церемонија на која Кристијано Роналдо доби подарок од својот клуб.

Имено, Роналдо неодамна стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот бидејќи досега има постигнато дури 770 голови во својата кариера.

Затоа претседателот Андреа Ањели му предаде специјален дрес со број 770 и натпис „GOAT“, што значи „најдобар на сите времиња“.

ПОВРЗАНО

Серија А