ФУДБАЛ

Роналдо доживеа големо понижување во својата Португалија

Кристијано Роналдо нема да биде среќен кога ќе ги дознае гласовите во изборот за Златната топка.

Португалскиот репрезентативец немаше добра година, па за прв пат по 2010 година испадна од Топ 4 во борбата за Златната топка, а на крајот заврши само на шестата позиција, а победи Лионел Меси.

Интересно, напаѓачот на Манчестер Јунајтед не доби поддршка од својата земја, па новинарите во Португалија своите гласови ги дадоа на играчи како Салах, Левандовски, Мбапе, Жоржињо и Канте.

Најмногу поени доби во Холандија, Кргистан, Мозамбик, Турција, Централноафриканската Република, Кајманските Острови …

Тоа секако не беше доволно за Роналдо, но прашање е зошто не доби гласови од родната Португалија …