Легендарниот италијански стручњак Фабио Капело тврди дека никој не создал повеќе проблеми во неговата кариера од познатиот бразилски напаѓач Роналдо.
Капело и Роналдо работеа во Реал Мадрид шест месеци во сезоната 2006/2007, а Италијанецот немаше мир со Роналдо кој сакаше да излегува во ноќни клубови и пијан заминуваше на тренинзи.
Барем тоа е тврдењето на италијанскиот стручњак кој ја освои шампионската титула во Шпанија со Реал таа година. Сепак, иако имаше проблеми со него, за Капело нема сомнение дека Роналдо е најталентираниот фудбалер што го водел досега.
„Најталентираниот фудбалер со кој сум работел е Роналдо“, изјави Капело за „Скај Спорт“ и продолжи:
“Но, во исто време, тој исто така беше играч кој ми создаваше најмногу проблеми во соблекувалната. Тој играше и правеше се што не требаше да направи. Руд ван Нистелрој еднаш ми рече: “Тренер, соблекувалната смрди на алкохол”, вели Капело.
Тој тврди дека Реал започна серија победи кога Роналдо замина во Милан.
„Роналдо замина во Милан и ние почнавме да победуваме. Сепак, ако зборуваме само за најталентираниот фудбалер досега, тој е тој, без никакви дилеми“.
Роналдо играше за Реал Мадрид од 2002 до 2007 година и во тој период постигна 104 голови на 177 настапи и освои една титула во шпанската лига.