ФУДБАЛ

“Роналдо е неверојатен играч, но тој е некој кој повеќе не ни помага и тука е крај”

Реал Мадрид оваа сезона е во голема резултатска криза, а многумина веруваат дека ова се случува бидејќи клубот го загуби Кристијано Роналдо, кој девет сезони беше во Реал.

Роналдо на крајот од минатата сезона, ги изненадени сите со одлуката да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Јувентус. Во Реал тврдеа дека заминувањето на португалскиот играчи нема да влијае на нивниот клуб, но сега очигледно е дека Роналдо многу недостасува во игра актуелниот Европски шампион.

Поранешниот играч на Реал Мадрид сеуште е главна тема во Мадрид, а Тони Кроус зборуваше за него. Германскиот фудбалер, едноставно, не можеше да го избегне прашањето на новинарите за Роналдо, но одлучи да даде сосема јасен одговор на оваа тема.

“Се разбира, играта се промени откако тој замина. Почнавме добро оваа сезона и кога дававме голови никој не зборуваше за нас, дека ни недостига. Нема смисла да зборуваме за играч кој не е со нас. Тој е неверојатен играч, а можеби и еден од најдобрите во историјата, но тоа не е нешто што сега ни помага. Продолживме без него и тоа е тоа”, рече Крос.