ФУДБАЛ

Роналдо е престар за Зенит

Генералниот директор на Зенит од Санкт Петербург, Александар Медведев, одговарајќи на прашањето за потенцијалното доведување на Кристијано Роналдо во клубот, имаше прилично конкретен одговор.

„Што се однесува до доведувањето на Роналдо, ние имаме јасна старосна граница за доведување играчи во Зенит. Не размислуваме за преговори со играчи постари од 28 години“, изјави кратко и јасно Медведев.

Бројни приказни кружат за продолжувањето на кариерата на Кристијано Роналдо откако неговиот договор со Манчестер Јунајтед беше раскинат за време на Мундијалот.

Од „веќе договорената“ зделка со Ал Наср за 200 милиони, преку разни клубови за кои се знае дека имаат доволно пари за ваков потфат и така до Зенит.

Роналдо на 5 февруари ќе наполни 38 години.